Обвинителката Ивана Трајчевска читаше вибер комуникација на Бојан Јовановски со адвокатот Васил Димишков и со Дејан Панделевски.
Од транскриптите може да се забележи дека Боки со овие двајца имал интензивна комуникација, понекогаш и секој ден.
Во една од комуникациите, Боки му праќа текстови од медиумите во кои се споменува Орце Камчев.
– Имаш ли некоја информација од „мајка“ – пишува во една од пораките од Димишков за Боки.
Во една од пораките, пак, што си ги разменуваат со Панделевски, тој го предупредува дека не е добро да се гледаат секој ден бидејќи постојано имал двајца луѓе со него.