Македонија 11. февруари 2021. / 14:42

Има починати лица пријавени за приоритетна вакцинација, предупредува Д-р Чолакова Дервишова

Има починати лица пријавени за приоритетна вакцинација, предупредува Д-р Чолакова Дервишова

Претседателката на здружението на приватни матични лекари доктор Лилија Чолакова Дервишова тврди дека во списокот што за матичните лекари го направиле здравствените власти за тоа кои пациенти да ги повикуваат за приоритетна вакцинација, има многу починати пациенти, пренесуваат „Слободен печат“.

Според неа причината за ова е неусогласеноста меѓу системот „Мој Термин“ и податоците на ФЗОМ.

Bеќе го информирав министерот Филипче за проблемот и треба да биде надминат. И други колеги од други градови ми сигнализираа за ова како на пример во Делчево. Системот ми дозволува откако ќе ја внесам лозинката да ги видам пациентите повозрасни од 70 години но знам дека меѓу нив има починати пациенти, рече Дервишова.

Таа додава дека би се создала голема непријатност ако лекарите се јавуваат во семејствата на приоритетните пациенти за вакцинација, а всушност тие се починати.