Македонија 07. февруари 2020. / 16:56

Има четворица Македонци во карантин со корона вирус – тројца на крузерот во Јапонија, еден во Франција

Има четворица Македонци во карантин со корона вирус – тројца на крузерот во Јапонија, еден во Франција

Вкупно четворица Македонци се во карантин поради коронавирусот. Тројца се на крузерот во Јапонија и еден во Франција. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во текот на денот се очекуваат подетални инфорации и јавноста ќе биде информирана.

Тројца на бродот во Јокошима, Јапонија и уште еден наш државјанин во Франција се во карантин. Кинеските власти на соодветен начин ги третираат, и пред да заминат од земјата, мора да бидат таму 14 дена во карантин. Кина пушта само здрави лица да ја напуштат земјата, и тие би нê инфомирале за и ние да ги преземеме мерките тука – изјави Филипче.

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека тројца Македоници се на крузерот кој е во карантин поради коронавирусот.

Што се однесува до тројцата државјани на бродот, детални информации ќе добиеме во текот на денот. Контактираме и со светската здравствена организација, и веднаш штом добиеме информации, ќе ја известиме јавноста – изјави Филипче.

Вчера министерот за здравство се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо, на која разговарале за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

Работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад.