Македонија 18. декември 2019. / 11:02

Идната среда неработен ден за католичките верници-Се слави Божиќ

Идната среда неработен ден за католичките верници-Се слави Божиќ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2019 година (среда), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.