Македонија 27. јануари 2020. / 12:01

Иако не се согласувала, Стефанова ја најавиле да гостува на 1ТВ

Иако не се согласувала, Стефанова ја најавиле да гостува на 1ТВ

На рочиштето за „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова рече дека немала никаков контакт со Бојан Јовановски, се до еден ден кога била повикана во канцеларијата на Катица Јанева.

Таму биле Боки и Гордана Дувњак. Од нејзе барале да даде изјава за 1ТВ, но Стефанова рекла дека не е подготвена. На тоа Јанева луто и одговорила дека тогаш ќе зборуваат во живо на емисија.

Иако не дала согласност, Стефанова се изненадила кога ја видела најавата за емисијата со нејзиното име како гостин.

– Страв – не страв, отидов во емисијата заедно со Јанева – објасни Стефанова.