Македонија 01. јуни 2020. / 10:10

И вицепремиерката Мила Царовска во самоизолација

И вицепремиерката Мила Царовска во самоизолација

Потпретседателката на Владата, Мила Царовска, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека е во самоизолација, откако нејзиниот сопартиец, Мухамед Зекири вчера објави дека е позитивен на корона вирусот.

– Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.

На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовска.