Македонија 29. април 2020. / 15:18

И Спасовски излегува од изолација: Негативен вториот тест на Ковид-19

И Спасовски излегува од изолација: Негативен вториот тест на Ковид-19

Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен, напиша премиерот Оливер Спасовски на „Фејсбук“.

„Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала.

Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.“, додаде Спасовски.

Тој потенцира дека секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, како што напиша полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со Ковид-19.

Премирот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми, беше во изолација од 16 април, откако претхдниот ден беа на состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој имаше позитивен тест на Ковид-19.

По вториот негативен тест денеска заврши и 14-дневната изолација на министерот Филипче.