Македонија 01. јуни 2020. / 12:48

И Славјанка Петровска заврши во самоизолација

И Славјанка Петровска заврши во самоизолација

Дополнитениот заменик министер во МВР од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска е во самоизолација откако позитивни на коронавирус излегоа тестовите на Мухамед Зекири и Сања Лукаревска.

Од СДСМ информираат дека потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19.

Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска. По напревените тестирања информираме дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките, стои во соооштението.