Молк во Југохром. И покрај најавите дека по одобрениот кредит од 1,5 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот наменет за поставување филтри, досега се поставени само метални конструкции и ништо повеќе. Алсат-М се обиде да добие изјави од комбинатот, но оттаму кратко по телефон ни рекоа дека филтрите ќе се постават наскоро.
„Металните конструкции се поставени, а наскоро очекуваме да се постават и куполите на филтрите. Потоа ќе имаме прес-конференција за медиумите на која ќе информираме за текот на работите“, рече Бајрам Амити, синдикат на Југохром.
Но, според информациите на Алсат-М, работите се прекинати поради тоа што не и платено на ФаКом, компанијата што ги поставува на филтрите. Од невладиниот сектор велат дека не се изненадени од ваквиот развој на настаните.
„Не се ни симневавме, знаевме дека Југохром така ќе направи и помошта што ја добија од владата нема да има никаков ефект. Треба да знаат и раководството на Југохром и владата дека ова не може да помине така и да се остави во заборав, бидејќи ние го следиме секој чекор на двете страни, многу внимателно ги следиме и секогаш ќе бидеме таму“, вели Елмедина Абдулаи, движење “Мајка и дете“.
„Нашето барање беше многу легитимно, значи само преку независен мониторинг овој процес ќе се затвори успешно. Досега ова е злоупотребено и не е земено сериозно. Само со независен мониторинг ќе се постигне успех“, рече Азиз Сулејмани, еколог.
Од општина Тетово побараа од Владата преку Инспекторатот за животна средина да ја контролира работата на Југохром.
„Владата има извршни органи, во овој случај Инспекторатот за животна средина кој треба да провери зошто Југохром не делува во таа насока“, рече Арменд Фазлиу, портпарол на општина Тетово.
Пред три месеци владата на Југохром преку Македонската банка за поддршка на развојот му овозможи кредит од 1,5 милиони евра за поставување филтри, зафат што ќе треба да чини вкупно 4,5 милиони евра.