Во посета на Македонија денеска е и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Тој претпладнево учествува на отворањето на денови на Медиумите ЕУ – Западен Балкан, во организација на Европската комисија.
Хан ќе има свое обраќање, во кое се очекува повторно да испрати силна поддршка за Македонија во пресрет на референдумот.
Во посета на Македонија е и министерката за одбрана на Италија, Елизабета Трента, како и воена делегација на националната гарда на Сојузната американска држава Вермонт предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј.