Од денеска запираат муслиманските молитви и во џамијата Ал Акса во Ерусалим, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, јавува Ројтерс.
Молитвите во џамијата, која е трето најсвето место за муслиманите по Мека и Медина, ќе бидат запрени до нова одлука, соопшти јорданското министерство за вакафите и исламски прашања.
Палестинскиот директор на џамијата, шеикот Омар Кисуани, ја потврди информацијата.
Претходно, муслиманските духовници ги затворија вратите на џамијата, но дозволија верниците да се собираат надвор, на отворено.