Македонија 23. септември 2019. / 21:15

И денес без договор за Законот за ЈО

И денес без договор за Законот за ЈО

Нема договор по денешниот состанок на работните групи меѓу власта и опозицијата за Предлог-законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда, Рената Десковска и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го образложија исходот непосредно пред почетокот на средбата со обвинувања на релација власт опозиција и кој го кочи носењето на законот.

Дескоска рече дека е повеќе реалист отколку оптимист, но и дека се подготвенида направат отстапки онолку колку што дозволува законската регулатива.

Пратеникот Милошоски повтори дека не отстапуваат од црвените линии, обвинителот да биде избран по нивни предлог, но и дека нема промена во ставот околу предметите на СЈО и посочи дека внатрепартиските консултации ќе продолжат.