Раздвижено и работно во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Откако заврши распитот на водителката Лила Филиповска, кај Рускоска на распит во врска со случајот „Рекет“ се јави и бизнисменот Силјан Мицевски.
Градежната компанија „Пелистер“ од Битола, чијшто сопственик е Силјан Мицевски требало да ги гради европските центри за возрасни лица и мобилни сервиси на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.
Според пишувањата на новинарот Бранко Героски, договорот помеѓу фирмата на Мицевски и невладината на Боки 13 бил правно спорен. Според него ГП „Пелистер“ на Меѓународен сојуз требало да му уплати 1.439.810 евра, но не директно, туку преку Македонската авторска агенција, како хонорар. Во договорот наводно пишува дека половината од оваа сума или точно 719.905 евра (плус персонален данок) требало да биде исплатена на денот на потпишувањето на договорот (13.12.2017 година), а вториот дел на денот на издавањето на правосилното одобрение за градба.
Фото: А1он