Македонија 01. јуни 2020. / 22:29

И Битиќи во самоизолација откако имал средба со Лукаревска: Ќе се тестира во текот на неделата

И Битиќи во самоизолација откако имал средба со Лукаревска: Ќе се тестира во текот на неделата

И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денеска е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска која соопшти дека е позитивна на Ковид-19.

Битиќи веста  ја соопшти преку неговиот „Фејсбук профил“.

„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од утрово, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата.

И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје“, напиша Битиќи.