Македонија 17. декември 2020. / 16:09

Христоски: Немаше физичка пресметка, само расправија во која застанав против закани

Христоски: Немаше физичка пресметка, само расправија во која застанав против закани

„Немаше никакви ,клоци’ и ,шамари’, туку вербална расправија, а ситуацијата градоначалникот ја пријави во полициската станица“, реагира службата за односи со јавноста на локалната самоуправа објавите дека градоначалникот физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

– Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна. Имено, партијата ВМРО-ДПМНЕ од Крушево синоќа објави дека, наводно, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата – член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, соопштуваат преку службата за односи со јавноста од Општина Крушево.

На ваквите наводи Христоски реагирал веднаш на својот профил на социјалните мрежи, негирајќи каква било физичка пресметка.

-Почитувани сограѓани, како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да им се заканува на граѓаните, ниту пак да прави конструкции и да изнесува лаги за политички профит. Помина времето кога врз основа на „силата” на партијата се заканувале, навредувале и тепале, дури и исценирале случаи во кои напаѓачот се преставувал жртва. Синоќа немаше никакви „клоци” и „шамари” како што очајно се обидува да се прикаже. Вечерва имаше вербална расправија во која цврсто застанав против заканите кон граѓаните од типот „ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт” и други погрдни зборови и провокации. Случајот веднаш го пријавив в полиција поради лична, но и поради безбедноста на сите граѓани, стои во објавата на Христоски, соопштуваат од службата за одоси со јавноста на општина Крушево.

Почитувани сограѓани,

Како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да се заканува на граѓаните, ниту…

Posted by Томе Христоски on Wednesday, December 16, 2020

Христоски нагласува дека ќе продолжи градењето на Крушево според концептот „едно општество за сите.

Општина Крушево, како што се објавува, апелира двете верзии од овој настан да се земат предвид и да се даде еднаков простор. За потврда на фактите на располагање стои полициската станица во Крушево каде Христоски веднаш го пријавил случајот зашто навредите ги толкува како „закана за себе, за неговите деца, за семејството и за сите граѓани на Крушево“ кои не се согласувале со политичката опција.