Македонија

Холивудскиот актер се надева дека договорот за името ќе успее

Холивудскиот актер се надева дека договорот за името ќе успее

Холивудскиот актер Расел Кроу вели дека ги сака Грција и Македонија и се надева дека ќе успее договорот за името.

54-годишниот Австралиец е на одмор во Италија и твитна за договорот за името што вчера го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Случајни мисли од Фиренца… Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека сè ќе заврши како што треба“, напиша Кроу за социјалната мрежа.