Стеф Блок, шеф на дипломатијата на Холандија вели дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ.
– Нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија. – изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.
Според него, Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, сеуште не е моментот, рекол Блок.