Претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи пред почетокот на јавната расправа во Собранието во изјава за Сител рече дека средношколците речиси цела година немаат влезено во училница и тоа е главниот аргумент зошто бараат кратење на предметите за полагање на државната матура.
-Еден од најважните аргументи е дека ние не сме во училница од март 2020. Еден од најважните аргументи е тоа зашто квалитетот на наставата онлајн е многу различен од тоа што го имавме лани. Ние сме во време на пандемија и треба да се прилагодиме на тоа за да биде полесно за матурантите, рече Ходаи.
Вели дека оваа година матурантите имале 50 минути помалку неделно по предмет.
-Има многу големи причини зошто треба да се модифицира државната матура. Исто како и за нашите врсници од европските земји, како што се Италија, Белгија, Франција, Австрија, што имаат направено исчекор, рече Ходаи.