Денеска продолжува бојкотот на матурантите, но се намалува бројот на училиштата што го поддржуваат, вели за Канал 5 претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи.
Претставници од сојузот денеска ќе се сретнат со пратеници од ДУИ, откако СДСМ на вчерашната средба рекоа дека ги поддржуваат одлуките на ресорната министерка.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, информираше дека поднесе предлог-закон за измени и дополнување на законот за средно образование.