Македонија

Хемофиличарите бараат редовна терапија

Хемофиличарите бараат редовна терапија

Недостиг на лекови за болните од хемофилија. Бавните тендери и набавки создаваат бариери во лекувањето на овие болни. Во опасност се 320 хемофиличари, велат невладините организации и родителите…

Кај пет деца со тешка форма на хемофилија може да дојде до криза поради ненавремено примање терапија. Родители велат дека нивните деца често отсуствуваат од училишните клупи за да не дојде до несакани ситуации. Биле советувани да седат дома.

Се пожалија дека тендерите за набавка на терапијата се долги. Апелираат до надлежните набавките да ги прават интервентни и да се гледа на квалитетот, а не на цената.

Поради недостаток на терапија, животите во опасност им се доведени на околу 320 хемофиличари. Изостануваат и ортопетските интервенции зашто нема фактор. Од Здружението се жалат дека тендерите биле поништувани по неколку пати.

Најголем ризик имаат хемофиличарите со мајорна форма зашто крварењето може да биде спонтано, во сон, без никакви физички напори. Според податоците, нив ги има 60-тина во земјава. ж