Во својот месечен извештај за месец октомври, Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ објави податоци за Говорот на омраза кој бил констатиран на социјалните мрежи.
Во извештајот стои дека:
– Хелсиншкиот комитет за човекови права во октомври 2020 година, слично како и за изминатиот
период, забележува повторно висок тренд на случаи со говор на омраза. Особено истакнуваме
дека говорот на омраза врз основ на етничка припадност е во постојан пораст. И покрај
големиот број јавни апели за активно дејствување на терен и на социјалните медиуми, сè уште
постои инертност и нереспонзивност од страна на институциите, особено Министерството за
внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Вкупно биле констатирани 148 коментари кои содржат говор на омраза, меѓу кои:
- 68 случаи на говор на омраза поради етничка припадност
- 35 случаи на говор на омраза поради политичка припадност
- 20 случаи на говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет
- 9 случаи на говор на омраза поради пол и род
- 8 случаи на говор на омраза поради социјално потекло
- 6 случаи на говор на омраза поради раса/боја на кожа
- 2 случаи на говор на омраза поради религија и религиско уверување
Целиот извештај, можете да го погледнете тука.