Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска соопшти дека досега до нив не стигнало барање да го посетат притворениот Бојан Јовановски – Боки 13, кој вчера од притвор беше пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
– Доколку е потребна нашата интервенција, нашата посета, Бојан Јовановски може слободно да поднесе барање и ние ќе појдеме да го посетиме, ќе ја утврдиме фактичката состојба и ќе го дадеме своето мислење за случајот. Врз основа на само сознание и информации добиени од медиумите, ние не можеме да дадеме никаков став, ниту да излеземе со некакво си барање – изјави Пировска.
Таа обајснува дека Хелсиншкиот комитет не може како народниот правобранител да влезе во секое време во установите од затворен вид и оти кај нив прво мора да стигне барање од притвореникот односно барање од истражниот судија, кој треба да даде дозвола за да можат да влезат да го посетат притвореникот.
– До денес такво известување до кај не стигнало. Иако јас во последниве години за време на поранешната власт ги посетував речиси сите политички затвореници, до ден денес добивам барање од притвореници и тоа се оди најнормално, и навистина сум изненадена што такво барање не стигна до Хелсиншкиот комитет и за Бојан Јовановски – изјави Пировска.