По заканите кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, но и кон вработени и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара да се активира условната казна што ја имал вработениот во Централен регистар, Емил Јакимовски.
Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска во изјава за телевизија Телма, вели дека поднеле пријава против Јакимовски во Министерството за внатрешни работи за загрозување на сигурноста и и очекуваат да му биде активирана условната казна и да заврши во затвор.
Од Обвинителството пак очекуваат до нив да пристигне кривична пријава за да почнат со истражување. Од таму објаснуваат дека е неопходно за ваков случај да има пријава и да ја добијат приватната комуникација мегу заканувачот и жртвата.