Ситуацијата на грчко-македонската граница почнува да се влошува. Oткако пред некој ден, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги тргна блокадите и и ги пушти бегалците слободно да поминуваат, речиси 100.000 мигранти тргнаа кон Европа.
Нивната рута води преку Македонија, поради што, за да се заштитиме од напливот на бегалци, надлежните преземаат се да ги заштитат нашите граници. Поради тоа голем број на специјалци се распоредени на граничниот премин со Грција.
Надлежните убедуваат дека ситуацијата е под контрола, но големиот наплив на мигранти може да доведе до несакани инциденти, а не се исклучува и можноста ситуацијата да ескалира.
Како што објавуваат грчките медиуми, нивните полицајци употребуваат и шок-бомби, бидејќи мигрантите на секаков начин пробуваат да го пробијат кордонот.