Македонија 20. октомври 2018. / 00:18

Хан твитна: Денеска добар ден за демократијата во Скопје!

Хан твитна: Денеска добар ден за демократијата во Скопје!

На социјалната мрежа „Твитер“ , веднаш по завршувањето на собраниската седница, на којa паратениците со 80 гласа „за“ ја донесoa одлуката за пристапување кон уставните измени, честитка до македонските пратеници испрати еврокомесарот Хан. Денеска е добар ден за демократијата во Скопје, Македонија, им честитам на сите оние што одлучија да одат по патот на ЕУ, напиша еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот „Твитер“.

„Денеска е добар ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние што одлучија да одат по патеката на ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите пратеници е целосно почитуван, особено на оние што ја преминаа патеката вечерва. Ни требаат државнички, а не партиски игри“, напиша Хан.