Се е во рацете на македонските граѓани, тие треба да изберат – или изолација, од која едвај ја извлековме Македонија, или интеграција во Европската унија и повисок стандард. Ова го порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на маргините на неформалниот состанок на премиерите на Западен Балкан што се одржа во Драч, на кој од очекуваните шестмина, се појавија тројца премиери, меѓу кои и домаќинот Еди Рама. Но Хан не даде прецизен одговор дали има алтернатива доколку нде успее претстојниот референдум во Скопје, јавува Телма.
Премиерот Заев не отпатува на состанокот поради лошите временски услови, јави прес службата од неговиот кабинет.