Македонија 27. февруари 2020. / 17:57

Гувернерот на Ломбардија во карантин поради сомнеж за корона вирус

Гувернерот на Ломбардија во карантин поради сомнеж за корона вирус

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, чијшто главен град е Милано, Атилио Фонтана, соопшти дека во следните две недели ќе биде ставен во карантин откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на корона вирусот.

Фонтана веста ја објави во видео порака на Фејсбук.

Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија.

Во земјата се пријавени 400 случаи на вирусот Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа.