Македонија 18. јуни 2018. / 15:26

Гутереш со честитки до Заев и Ципрас за договорот за името

Гутереш со честитки до Заев и Ципрас за договорот за името

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш преку Твитер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, нарекувајќи го историски.

– Срдечно им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната улога за историскиот договор потпишан вчера во Преспа. Ги охрабрувам двете влади да ја продолжат нивната силна заложба за ратификација и спроведување на договорот. ОН се обврзуваат да ги поддржат нивните напори, напиша Гутереш на Твитер.