Поранешниот премиер а сега политички азилант во Унгарија, Никола Груевски, во неговото прво телевизиско интервју по бегството,за ТВ СИТЕЛ, на прашањето поставено од новинарката Славица Арсова, одговори дека власта не му помогнала да побегне од Македонија.
-Власта да ми помогне? Тие да можат би ми направиле нешто друго. Не ми помогнаа. – рече Груевски.
Поранешниот премиер истакна дека нема да открие како влегол од Македонија во Албанија а другите граници ги поминал со неговата лична карта.
-Нема да откријам како влегов во Албанија, велат дека тие ќе откриеле се, па нека откријат – рече Груевски.
Ова беше откриено во краткиот сегмент од интервјуто кој беше емитуван во вестите на ТВ СИТЕЛ во 16 часот, целото интервју, јавноста ќе може да го погледне во централниот дневник на телевизијата кој е во 19 часот. Како што најави Арсова од Будимпешта, Груевски одговарал и на прашања поврзани со коментарите на неговите поранешни соработници но и за односите соВМРО-ДПМНЕ, политичка партија која тој некогаш ја водеше.