Македонија 20. септември 2019. / 13:45

Груби на разговори во Стејт Департментот за политичката ситуација во земјава

Груби на разговори во Стејт Департментот за политичката ситуација во земјава

За време на неговата посета на САД, Претседателот на Комисијата за европски прашања и секретар на ДУИ, Артан Груби престојуваше во американскиот Стејт Департмент каде оствари работна средба со Даниел Костеланцик, Директор на Канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот.

Како што информираат од Комисијата за европски прашања, на средбата се разговарало за политичките случувања во Северна Македонија, системските реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата, ратификувањето на протоколот за членство во НАТО и датумот за почнување на преговорите со Европската унија, како и внатрепартиските реформи во ДУИ.

Груби изразил благодарност за силната поддршка на САД за Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат, владеењето на правото и реформите.

Тој зборувал и за двостепениот процес (ветинг) предложен од ДУИ за проверка на интегритетот на функционерите, како начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Предмет на проверка на интегритетот, како што рекол Груби, би биле политичарите, носителите на јавните функции, обвинителите и судиите.

Ја изразил и посветеноста на ДУИ да се ангажира за неселективна правда, донесување на Законот за јавното обвинителство и владеење на правото воопшто.

На средбата се разговарало и за процесот на внатрепартиските избори во ДУИ и изготвувањето на новата партиска програма.

Груби во рамки на средбата остварил и средби со американски сенатори и конгресмени.