Македонија 02. ноември 2018. / 09:38

Грчкиот авион по повеќе од деценија слета на аеродромот во Скопје (ВИДЕО)

Грчкиот авион по повеќе од деценија слета на аеродромот во Скопје (ВИДЕО)

Авиосообраќајот помеѓу Скопје и Атина е обновен по повеќе од деценија. Синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје за првпат слета авионот на грчката компанија Аеген Ерлајнс.

Меѓу патниците беше и потпретседателот на владата Бујар Османи, а Атина го испрати помошник министерот за европски работи на Грција Георгис Катругалос.

Од денес авиокомпанијата Аеген Ерлајнс ќе лета на релација Атина-Скопје два пати неделно.