Пратеникот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос истакна дека предуслов за решавање на спорот за името е промената на македонскиот устав, пренесува грчкиот портал Ифимерида.
-Неопходен предуслов и фундаментална гаранција за дефинитивно решавање на прашањето за името со Скопје е промена на нивниот устав, вели тој.
Според Кумуцакос неопходно е промената на македонскиот Устав да се случи пред ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.
-Промена која не само што ќе се предвиди, туку ќе биде направена пред ратификацијата на кој било договор, рече пратеникот на опозициската Нова Демократија.
Кумуцакос е дел од грчкиот парламент и во својата партија е задолжен за надворешна политика.