Македонскиот граничен премин кон Грција „Богородица“ од денеска е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.
Од дежурната гранична служба утрово информираат дека грчките гранични службеници повторно ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ. За влез во Грција ги насочувале да патуваат преку Бугарија, а преку граничниот премин од грчка стана „Евзони“, во моментов е дозоволен само излез на сите што заминуваат од Грција.
Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални околности.
Од денеска на грчките државјани им е дозволен слободен влез во земјава, но утринава во Македонија влегле само десетина грчки возила, информираат од дежурната служба на ГП „Богородица“.