Македонија 26. февруари 2020. / 18:41

Граѓаните што ќе добијат симптоми на корона вирус, да ја повикаат мобилната екипа дома

Граѓаните што ќе добијат симптоми на корона вирус, да ја повикаат мобилната екипа дома

Во случај на појава на симптоми, граѓаните да не шетаат по јавноздравствените институции, туку да ги повикаат надлежните епидемиолози за да биде организирана мобилна екипа што ќе ги прегледа во домашни услови, рече министерот за здравство откако го најави првиот потврден случај на коронавирус во Скопје.

Министерството за здравство вчера ги даде телефонските броеви за пријавување на потенцијални случаи на коронавирус.