Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.
Руската вакцина “Спутник В” која се најавуваше за лицата со сериозни хронични заболувања и постарите од 70 години ќе биде наменета за здравствени работници информираа од Министерството за здравство.
-Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.
Од друга страна повеќе од 130.000 граѓани пројавиле интерес за вакцинација. За да се заштитат треба да чекаат нова количина вакцини.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.