Македонија 12. март 2020. / 14:46

Граѓаните да комуницираат со МЗШВ по телефонски или електронски пат

Граѓаните да комуницираат со МЗШВ по телефонски или електронски пат

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), согласно препораките на Владата, донесе одлука да ги сведе на минимум директните средби со странки како превенција и елиминирање на можноста од ширење на Ковид-19.

Според МЗШВ, сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани/презакажани.

-Сите што имаат потреба за контакт и информација од Министерството, тоа да го сторат на меил адресата [email protected] и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08:30 до 16:30 часот, соопшти Министерството.

Воедно апелира до сите соработници и корисници на услугите да ги почитуваат превентивните мерки донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19 во државата.