Градоналачникот на Град Скопје Петре Шилегов ја откажа посетата на Будимпешта која треба да се случи на 22 ноември.
На средбата која била закажана претходно, требало да разговараат и разменат искуства за урбанизам.
Откажување на средбата е поради последните настани поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара политички азил од Унгарија.