Македонија 22. јануари 2021. / 13:15

Градоначалникот на Охрид троши милион денари за анкети во време на криза, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Охрид троши милион денари за анкети во време на криза, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, реагира на одлуката на општина Охрид, во време на криза предизвикана од коронавирусот, да одвои речиси еден милион денари пари на граѓаните за анкета.

Во време на тешка криза, рецесија, чаршија и угостители пред клуч и пропаст, градоначалникот ги расфрла парите на граѓаните за анкета.

Анкета спроведена од партиското анкетарче син на Ѓорги Спасов кој си мези анкетчиња низ голем број органи низ државата, па ни Општина Охрид да не е исклучок нели?

Во време на тешка криза спроведуват анкета на 2000 испитаници иако примерокот за анкети најчесто е 1000, но мора некако да се оправда тезгата од 900.000 денари фрлени во вода.

Анкетата е на теми за кои медиумите и граѓаните зборуваат и апелираат секојдневно со години наназад, а одговорите и врапчињата ги знаат.

– Анкетата ќе помине, парите ќе се потрошат и нормално ништо не ќе се спроведе. Тие забелешки на УНЕСКО не спроведуваат и правосилни решенија за рушење, не па незадолжителни статистики од анкета, напиша Донев на фејсбук.