Додека државата се бори со епидемијата на коронавирусот во ситуација на вонредна состојба градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузмановски ќе ја реновира општинската зграда за цена од 25 милиони денари, пишува Нетпрес.
Градоначалникот, инаку кадар на СДСМ, пред само три дена потпишал договор за реконструкција на зградата на општината со битолската фирма „Стентон“. Договорот во вредност од над 400 илјади евра е потпишан на 24-ти март дваестина дена по рокот за доставување на понудите по огласот што општината го објавила на 14-ти февруари годинава.
Целиот текст на Нетпрес можете да го прочитате ТУКА.