Македонија 19. февруари 2021. / 16:17

Градоначалникот на Неготино позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Неготино позитивен на Ковид-19

Неготинскиот градоначалник Тони Делков е позитивен на Ковид-19. Оваа информација попладнево ја објави и тој на социјалните мрежи, а информираа и од прес-службата на општината.

-Почитувани сограѓани. И покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за Ковид-19 , резултатот е позитивен. Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам, почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, напиша Делков на Фејсбук.

Градоначалникот на Неготино додаде и дека до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршува од дома.