Македонија 03. април 2020. / 23:21

Градоначалникот на Куманово: Граѓаните кои не се снабдија со неопходното ќе добијат асистенција

Градоначалникот на Куманово: Граѓаните кои не се снабдија со неопходното ќе добијат асистенција

Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува. Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.

Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија.

– Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена, напиша на својот фејсбук кумановскиот градоначалник.

Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома.