Македонија 14. април 2020. / 13:52

Градоначалникот на Куманово бара карантин за градот како тој во Дебар

Градоначалникот на Куманово бара карантин за градот како тој во Дебар

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека во изминатото деноноќие во кумановската болница се евидентирани 23 новозаразени од подрачјето на Куманово и двајца починати како последица од инфекцијата со корона вирусот.

Истовремено, поради ваквата состојба, градоначалникот побара од Владата итно да го разгледа неговиот предлог за прогласување 14-дневен карантин во Куманово, по примерот на Дебар, затоа што смета дека постои закана за жителите на другите градови.

Куманово денеска има 23 нови позитивни случаи и двајца покојни. Вкупната бројка во Куманово е 224 позитивни лица досега или вкупно 12 починати. Возраста се движи од 59 до 79 години. Ве информирам дека бројката која доаѓа од Централниот кризен штаб, се однесува на бројка на заболени и починати на Куманово заедно со оптшината Липково. Сочувство до семејствата на починатите – изјавиградоначалникот Димитриевски