Македонија 17. декември 2020. / 13:14

Градоначалникот на Крушево истепал млад активист на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Крушево истепал млад активист на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, нападнал млад активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објавија на Фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, градоначланикот Христовски сред крушевската чаршија го фатил момчето за врат, му удрил клоца и шлаканица, по што му се заканувал.

Почитувани сограѓани, денес е нападнат млад активист од Унијата на млади. Нападот, кој е и физички и вербален, е од страна на градоначалникот на Крушево. Имено, таткото на градот, неможејќи да ги поднесува вмровците, почна да ги напаѓа јавно, среде чаршија. Нападнатиот Валентино Деспотоски, пазарејќи си в чаршија, наишол на непожелниот човек- Томе. Томе Христоски, навредувајќи го Валентино со зборовите „селанец, ропак, сега си Крушево“, го фатил за врат и му удрил шамар и клоца, заканувајќи му се дека цела фамилија ќе му ја сотри!

Настанот е пријавен во полиција, но довербата во институциите е изгубена. Згрозени сме од овој чин и јавно прашуваме дали градоначалникот на Крушево ќе ги сотрува сите вмровски фамилии? Очекуваме да бидат преземени сите соодветни мерки – стои во објавата.

Почитувани сограѓани,денес е нападнат млад активист од Унијата на млади.Нападот,кој е и физички и вербален,е од страна…

Posted by ОК Вмро-Дпмне – Крушево on Wednesday, December 16, 2020