Македонија 23. април 2020. / 17:22

Градоначалникот на Кичево се пофали дека општината сè уште одолева на епидемијата на ковид-19

Градоначалникот на Кичево се пофали дека општината сè уште одолева на епидемијата на ковид-19

По објавувањето на најновиот билтен од Министерството задраство за состојбата со корона вирусот во Македонија, градоначалникот на Кичево,Фатмир Дехари се пофали дека општината и натаму оделева на епидемијата на корона вирусот.

Отсекогаш сме успевале заедно, ќе успееме и сега, само со работа и дисциплина. Кичево сè уште останува недопрена од Ковид-19. Најновиот случај објавен од Министерството за здравство, се наоѓа во изолациониот центар во Скопје, кој потекнува од европски земји и не престојувал во Кичево – изјави градоначалникот на Општина Кичево во соопштение.