Македонија 05. јуни 2020. / 15:01

Градоначалникот на Дојран: Ни се случува максимално непочитување на мерките

Градоначалникот на Дојран: Ни се случува максимално непочитување на мерките

Ни се случува максимално непочитување на мерките, ова е нешто невидено досега во Дојран, откако вчера во градот дојдоа околу 15.000 посетители. Вклучена е Граничната полиција, се казнуваат луѓето кои ги има во поголеми групи, без маски, не се држи растојание, вели Анго Ангов, градоначалникот на Општина Дојран за „Фокус“.

Тој додава дека однесувањето во градот е како да нема пандемија, како да е најобичен викенд, без одговорност дека секоја дружба е потенцијален пренос на заразата со Ковид-19.

– Полицијата има доста работа, се уште немам точна евиденција колку лица се казнети, ама очигледно дека тоа е единствениот начин да се создаде ред и да се почитуваат мерките. Ги замолувам сите гости да бидат одговорни, кога веќе решиле овде да го поминат викендот, мора да покажат одговорност за здравјето на заедницата. Не знам како ќе заврши ова, жителите стравуваат дека ќе се прошири вирусот и овде, вели градоначалникот.