Македонија 12. јули 2020. / 23:35

Градоначалникот на Дојран купувал гласови, граѓани го пријавиле

Градоначалникот на Дојран купувал гласови, граѓани го пријавиле

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов се обидел да купува гласови за СДСМ, по што луѓето врз кои се обидел да влијае го пријавиле во полиција.

Од МВР за настанот велат дека врз основа на лице кое посочило инволвираност на градоначалникот, тој бил викнат на разговор во полициска станица за случај поврзан со изборен поткуп. Истиот не е приведен.

МВР во текот на утрешниот ден ќе работи на целосно расчитување на случајот.