Македонија 05. април 2018. / 10:11

Градоначалникот Максим Димитриевски ќе направи државен споменик за приватна компанија

Градоначалникот Максим Димитриевски ќе направи државен споменик за приватна компанија

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски планира да постави спомен-обележје на американската компанија KBR која посредува при вработување на кумановските работници со американската армија за нејзините потреби, достави и одржувања во базите низ блискиот исток.

Градоначалникот смета дека компанијата „Келог, Браун и Рут“ од САД заслужува да биде почестена бидејќи преку неа работеле над 11.000 жители на Куманово. Токму со парите кои стигнуваа од Авганистан, Ирак и останатите земји градот Куманово одреден период имаше висок прилив на девизи и одреден економски раст кој беше видлив.

„Знаете дека има голем број наши сограѓани кои работат за таа компанија и сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен-обележје во рамки на едно убаво идејно решение“, рекол Димитриевски на седница на општинскиот совет.