Македонија 12. септември 2019. / 20:10

Градоначалникот Курто Дудуш му нудел пари на тепаниот за да се повлече од тужба

Градоначалникот Курто Дудуш му нудел пари на тепаниот за да се повлече од тужба

Градоначалникот на општина Шуто Оризари го одложил судењето за физички напад кон својот некогашен соработник кој доби телесни повреди по блиска средба со него, пишува Алфа. За потсетување Економски Лидер објави снимка, каде се слуша како Кутро Дудуш тепа и киднапира лице.

Курто Дудуш кој е висок функционер на СДСМ прво побарал вонсудски договор со неговиот некогашен соработник кого на крајот на април физички и вербално го нападнал по што од судот добил одлагање затоа што го менувал адвокатот.

Според аудио материјалите што ги објави Лидер на почетокот на мај оваа година Курто Дудуш во присуство на уште четворица други луѓе го просториите на општина Шуто Оризари го тепал и му се заканувал на лице кое предходно му било личен возач.

Градоначалникот Курто Дудуш му нудел парична надокнада на нападнатиот за да се повлече од тужба тврдат негови блиски кои велат дека со недели тој добива непристојни понуди од емисари на првиот човек на Шуто Оризари, пишува Алфа.

Судскиот процес против Дудуш ќе продолжи за десетина дена но пред да почне судењето за повредите и психичките трауми на нападнатиот во мај градоначалникот Курто Дудуш ќе одговара и за друг физички напад во кој жртва е странски државјанин.

Во неговата изјава по објавување на скандалозната снимка градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ призна дека гласот на снимката е негов, дека добро го познава човекот кого го тепа и дека тепаниот на тој ден бил во неговата канцеларија.

Засега ниту одбраната ниту обвинетиот не знаат каков исказ ќе дадат четворицата сведоци на насилниот настан од кои еден веќе ја напуштил Македонија.