Македонија 20. јули 2018. / 21:37

Градоначалничката на Битола со уште една кривична пријава

Градоначалничката на Битола со уште една кривична пријава

На денешната седницата на Советот на општина Битола на дневен ред беше извештајот за спроведената ревизија во ЈКП Нискоградба, за кој како што кажаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека лагите и манипулациите се одлика на владеењето на локалната власт на СДСМ.

-На дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Битола и извештајот од спроведената ревизија во ЈКП Нискоградба, кој што ги демантираше инсинуациите за криминал, поради кои позицијата предводена од СДСМ и пред неколку месеци и денес го гласаше против. „Во моментов Битола има еден проблем и се вика Наташа Петровска. Јавните претпријатија се во целосна парализа. Лагите и манипулациите се одлика на владеењето на новата локална власт, рече советникот на ВМРО ДПМНЕ, Иванчо Тошевски.

Борче Димитровски, исто така советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ обвини дека како што започнала локалната власт од првиот ден со алиби и ноторни лаги така и продолжуваат. Како што кажа тој градоначалничката Петровска во ноември помпезно објавила дека општината е задолжена над 12 милиони евра, а само неколку месеци подоцна, истата градоначалничка поднесе завршна сметка на општина Битола каде стои дека Општина Битола има побарувања во висина од 5 милиони евра и долг од 3 милиони евра.

-Потоа во месец јануари советниците од мнозинството и градоначалничката кажаа дека нема да има поскапување на цените на водата, за минатиот месец да ги зголемат цените кои граѓаните ќе ги плаќаат од свој џеб. За да денес имаме на дневен ред завршна сметка на КЈП Нискоградба, која не беше изгласана во месец март со аргумент дека ревизијата ќе утврди бројни неправилности, денес таа ревизија не утврдува никакви неправилности, а проектираната загуба од 32.000.000,00 денари со одлука на Советот ќе се пребие со акумулирана добивка во висина од 48.000.000,00 денари, изјави Димитровски.

Димитровски ја праша градоначалничката, која е математичарка, дали 32 милиони е повеќе или помалку од 48 милиони денари.

Советничката на ВМРО ДПМНЕ во Општина Битола Анита Ангеловска, најави кривична пријава поради ваквото работење на градоначалничката Петровска.