Министерот за здравство Венко Филипче информира дека скринингот во градинките треба да заврши следната недела.
Тој најави дека детските установи ќе почнат со работа кон почетокот на јуни.
Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе можеби една недела потоа градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – изјави Филипче во интервју на „Телевизија 24“.
На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека очекувањата се тоа да се случи кон средината на јуни.
Средината на јуни се очекува отворање на границите. Тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите – изјави Филипче.